Дома Фудбал ВИДЕО Роналдо како во најдобрите денови: Постигна хет-трик за едно полувреме

ВИДЕО Роналдо како во најдобрите денови: Постигна хет-трик за едно полувреме

Кристијaно Роналдо синоќа одигра уште еден одличен натпревар во дресот на Ал Наср и постигна хет-трик во само едно полувреме против Абха.

Роналдо го постигна првиот гол по само 11 минути игра, а веќе десет минути подоцна зголеми на 2:0. Следуваше гол на Садио Мане за потоа Португалецот да го комплетира хет-трикот. Петтиот гол во првиот дел беше дело на Ал Сулаихем. Првиот и вториот гол Роналдо ги постигна од слободен удар.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во второто полувреме кога работата веќе беше завршена Роналдо доби одмор и остана на клупата.

Со овие три гола Роналдо дојде до бројката од 29 во првенството на Саудиска Арабија, а има и уште десет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крилен фудбалер се „чекира“ во Барселона: Среќен сум што доаѓам во шампионот

Барселона е на прагот да заврши договор за да го направи Руни Бардаџи своето второ засилув…