Дома Фудбал Видео: Ранетата Барса постигна нов рекорд во Примера!

Видео: Ранетата Барса постигна нов рекорд во Примера!

Тимот на Барселона направи нов голем чекор кон титулата во Примера, откако попладнево ја победи Валенсија на „Камп Ноу“ со 2:1.

„Лилјаците“ од Валенсија испуштија неколку одлични шанси и не успеаа да освојат бод против „ранетата“ Барселона, која пред неколку дена беше елиминирана од Лигата на шампиони.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Каталонците преку Луис Суарез во 15-та и Умтити во 51-та минута стигнаа до сигурна предност од 2:0, а Даниел Парехо само го ублажи поразот на гостите во 87-та минута.

Ова за Барса беше 39-от последователен меч во првенството без пораз, со што постави апсолутен рекорд во шпанскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Меси веќе стана рекорд во МЛС – го симна Игуаин од врвот!

Лионел Меси постигна гол против Торонто и веќе сега стана рекордер на Интер Мајами. Торонт…