Дома Фудбал Англија Видео: Прославата ќе почека, пет погодoци и пресврт во дербито на „Итихад“ – се радуваа „ѓаволите“

Видео: Прославата ќе почека, пет погодoци и пресврт во дербито на „Итихад“ – се радуваа „ѓаволите“

Денес на распоред во 33 коло од Премиер лигата се играше големото градско дерби на Манчестер помеѓу Сити и Јунајтед.

Гледавме навистина фантастичен натпревар со пет погодоци.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Првото полувреме во целост му припадна на домаќинот. Винсент Компани ги доведе „граѓаните“ во водство во 25 минута по изведениот корнер на Лерој Сане. Само пет минути подоцна, Илкај Гундоган погоди за веќе 2:0.

И во овие моменти изгледаше сосема извесно дека Сити по натпреварот ќе ја прослави титулата. Колку „ѓаволите“ беа лоши во првите 45 минути говори и податокот дека не успеаа да упатат ниту еден шут кон голот на домаќинот (ниту надвор од рамките од голот).

Второто полувреме беше потполно различно, посебно на стартот.

Пол Погба во 53 минута намалува на 2:1, а веќе во 55 минута беше 2:2, стрелаше повторно Погба.

Јунајтед по погодоците продолжи да игра одлично, а тоа се исплатеше во 69 минута кога одличното нафрлување на Алексис Санчез по еден прекршок во гол го претвори Крис Смолинг.

Најголемата шанса за изедначување, „граѓаните“ ја имаа во финишот и тоа на два пати. Прво Сане со глава шутираше, а Де Геа одлично интервенираше. По корнерот во мешаницата во шеснаесетникот најдобро се снајдер Стерлинг кој успеа некако да упати удар, но ја погоди само стативата.

Овој пораз за Манчестер Сити беше прв оваа сезона во Премиер лигата пред своите гледачи.





Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Невил убеден: На Гвардиола мора да му ветиле спектакуларни засилувања

Maнчестер Сити е во најголемата криза откако Пеп Гвардиола е во клубот, „граѓаните“ нанижа…