НБА шампионот Кливленд, во Чикаго, забележа нов пораз 99:93. Мечот го обележа Леброн Џејмс кој постигна 26 поени и на вечната листа на најдобрите стрелци го мина Шекил О’Нил на седмото место.
Кливленд е во криза, најдобриот играч Леброн Џејмс, вели дека нема причина да биде вклучен алармот, туку едноставно тимот ќе мора да го има фокусот во текот на целиот натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шампионот загуби во Чикаго 99:93, Леброн имаше учинок од 26 поени, 10 скокови и 8 асистенции. Тој сега има постигнато 28.599 поени во кариерата и се наоѓа на седмото место на вечната листа.
Портланд се зацврсти на осмата позиција на Западот откако слеваше против Хјустон 117.107. Портланд има скор од 37 победи и 38 порази на осмото место, додека Денвер кој е на позиција подолу има скор 35/39.
Демијан Лилард со 31 поен и 11 асистенции, односно Јусуф Нуркиќ со 19 поени и 11 скокови беа најдобрите играчи на Портланд, додека Хјустон го предводеше Џејмс Харден со 30 поени.
Минесота, во чии редови блескаше Рики Рубио со 33 поени, 10 асистенции и 5 скока, рутински славеше над ЛА Лејкерс 119:104, додека Детроит со многу мака славеше против тимот кој го има најлошиот резултат во лигата, Бруклин Нетс со 90:89.