Со почеток во 16:00 часот во Премиер лигата се одиграа пет натпревари, а победи запишаа екипите на Арсенал, Брајтон, Тотенхем, Челзи и Вотфорд.
„Топџиите“ конечно одиграа одличен натпревар, совлада беше тимот на Бурнемоут со убедливи 3:0. Рано, во шестата минута од средбата Дани Велбек го отвори резултат после одличното нафрлување од новајлијата Сеад Колашинац.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Избраниците на Венгер не застанаа тука, веќе во 27 минута Арсенал имаше предност од 2:0, а мрежата на гостите ја погоди Александар Лаказет. Тоа беше и резултатот со кој се замина на полувремето.
Во вториот дел работите не се порменија многу, Арсенал имаше иницијатива, создаваше по некоја шанса, една од нив искористи Велбек кој го постигна својот втор погодок во 50 минута од натпреварот.
Тотенхем на „Гудусион Парк“ против Евертон исто така беше убедлив и славеше со 0:3. Евертон иако ова лето доведе одлични засилувања сепак не успеа да им парира на избраниците на Маурисио Покетино. Гостите уште во првиот дел успеаа да стигнат до предност од 0:2, а стрелци на головите беа Хари Кејн и Данецот, Ериксен. На стартот на вториот дел одличниот Кејн со својот втор гол на натпреварот ги постави конечните 0:3.
Антонио Конте и Челзи, полека влегуваат во одлична форма и после поразот од Барнли на отварањето запишаа три победи во низа, последна нивна „жртва“ беше тимот на Лестер кој денес беше совладан со 1:2.
Новото засилување Алваро Мората погоди во 41 минута за предност на полувремето. Во вториот дел токму поранешниот фудбалер на Лестер го Канте го принуди Шмајхел по втор пат да ја вади топката од својата мрежа. Џејми Варди во во 62 минута од средбата со удар од белата точка намали на 1:2. Резултат кој се покажа и како конечен.
Во останатите два натпревари Брајтон ја совлада ВБА со 3:1 и Вотфорд славеше со 0:2 против Саутемптон.