Дома Фудбал Видео: Меси со магијата до јубилеј, а Барса на чекор од титула – Атлетико „падна“ на „Ноу Камп“

Видео: Меси со магијата до јубилеј, а Барса на чекор од титула – Атлетико „падна“ на „Ноу Камп“

barcelona

Дербито на колото во Примера беше одиграно денес на „Ноу Камп“, играа Барселона и Атлетико Мадрид.

Барселона со помош на својот волшебник Лионел Меси успеа да стигне до нова победа која многу веројатно значи и нова титула во Примера.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Атлетико натпреварот го започна внимателно и не сакаше премногу да се отвори. Сепак, моментот на магија на Лионел Меси во 26 минута кога погоди од слободен удар го реши натпреварот. Овој погодок на Лео Меси беше негов 600 во кариерата.

Дестина минути подоцна, капитенот на Барселона Андрес Иниеста не можеше да го продолжи натпреварот и беше заменет на негово место во игра влезе Андре Гомеп, а капитенската лента замина на раката на Меси.

Во вториот дел не видовме премногу возбудувања. Мрежата на два пати се тресеше, по еднаш и на двете страни но и во двете ситуација погодоците беа поништувани поради офсајд позиции.

На крајот резултатот не се промени, па Барселона по оваа победа ја враќа предноста од осум бода на табелата во однос на денешниот противник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Илјадници луѓе го испратија Тото Скилачи

Илјадници луѓе присуствуваа денеска на погребот на легендарниот италијански фудбалер Салва…