Дома Фудбал ВИДЕО Луд натпревар во Билбао, Атлетик славеше во 98 минута

ВИДЕО Луд натпревар во Билбао, Атлетик славеше во 98 минута

Фудбалерите на Атлетик Билбао на свој терен ја победија Селта Виго со 4:3, во натпреварот од 13 коло во „Ла Лига“.

Стрелци за Атлетик Билбао беа Сансет во 37 минута, Гурузета во петтата минута од судиското надополнување на првото полувреме и во 52 минута, како и Беренгер од пенал во осмата минута од судиското надополнување од вториот дел.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Головите за Селта ги постигнаа Аспас во 25 минута, Бамба во 42 минута и Ларсен во 66 минута. Селта можеше да дојде до бод на овој меч, но Аспас не реализираше пенал во 72 минута.

Атлетик Билбао ја забележа петтата победа во шпанското првенство и со 24 бодови го зазема петтото место на табелата. Селта е на 18 позиција со седум бодови.

Во следното коло Атлетик Билбао ќе гостува кај Жирона, додека Селта оди кај Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија губи голем талент: Фудбалер на Реал доби покана од Мароко?

Фудбалерот на Реал Мадрид Tијагo Питарч би можел исто така да настапи за репрезентацијата …