Дома Фудбал Англија Видео: Лингард двоен стрелец, Погба заслужено исклучен – „Топџиите“ играа „ѓаволите“ погодуваа!

Видео: Лингард двоен стрелец, Погба заслужено исклучен – „Топџиите“ играа „ѓаволите“ погодуваа!

Во рамките од 15 коло од Премиер лигата денес со почеток од 18:30 часот се одигра дербито на Премиер Лигата помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед рано уште во четвртата минута од средбата стигна до предност и тоа со погодокот на Антонио Валенсија. Не се чекаше многу и за втор погодок само седум минути подоцна, Џеси Лингард после мајсторската асистенција од Марсијал успеа да зголеми и на 0:2.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Иако во првите 11 минути видовме два погодоци, тоа беа и единствените погодоци во првиот дел.

Во вториот дел, „топџиите“ одлично стартуваа, Александар Лаказет во 49 минута од средбата успеа да намали на 1:2.

Арсенал започна да игра подобра, но сепак, следуваше нов гол во нивната мрежа. Втора асистенција на Пол Погба и втор погодок на Џеси Лингард за 1:3.

Французинот Погба после двете асистенции на петнаесетина минути до крајот заработи заслужно исклучување. По исклучувањето на Погба, Арсенал целосно се префрли на противничката половина, напаѓаа создаваа шанси, но погодок немаше.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…