Вардар имаше убедливо издание на отварањето на главната рунда од Лигата на Шампионите, совладувајќи го на домашен терен тимот на Мец.

Вардарки победија со резултат од 29:23 и на тој начин се зацврстија на првото место на табелата. Најефикасна во дуелот со Мец, беше Драгана Цвијиќ која постигна седум голови. Токму репрезентативката на Србија се најде во една од трите ѕвезди на колото во ЛШ. Цвијиќ повторно одигра одличен натпревар и беше незадржлива на својата пикерска позиција а играше паралелно и во одбраната. Несомнено се работи за големо засилување, кое треба да ги понесе вардарки кон толку посакуваната Европска титула. Во овој избор се најдоа уште и Кристина Неагу (ЦСМ Букурешт) и голманката на ФТЦ, Сикора.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


 Линкот од видеото со најдобрите три ѕвезди на колото во ЛШ, можете да го погледнете  http://www.ehftv.com/int/video/2018-01-28-3-stars-main-round-1 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Брестовац нема да чека долго – веќе е пред нов ангажман!

Поранешниот селектор на Македонија, Данило Брестовац брзо пронајде нов ангажман откако се …