Дома Фудбал Италија Видео: Десеткуваниот Милан триумфално низ Џенова (видео)

Видео: Десеткуваниот Милан триумфално низ Џенова (видео)

Фудбалерите на Милан остварија важна победа на гостувањето кај Џенова (0:2) и се вратија на 4-то место на табелата.

Тренерот Гатузо за овој меч не можеше да смета на дури 8 фудбалери, но сепак успеа да ги освои трите бода на ова незгодно гостување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во првото полувреме домаќините беа поконкретни, а Милан се закани само еднаш, преку Пакета, кој ја погоди стативата.

Во второто полувреме „росонерите“ покажаа дека се дојдени по трите бода и создадоа неколку шанси. Иницијативата резултираше со предност во 72-та минута кога погоди Борини по асистенција на Конти.

Сусо во 83-та минута стави точка на натпреварот после одличниот контранапад и асистенцијата на Чалханоглу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Стерлинг кариерата може да ја продолжи во – Италија!

Не е тајна дека Рахим Стерлинг сака да го напушти Челси, бидејќи оваа сезона не наоѓа мест…