Во богатата НБА програма која се одигра синоќа најголемото изненадување го направи Денвер кој го победи Голден Стеј. Бостон ја прекина победничката серија на Чикаго.
Денвер ја освои „Оракал Арена“ (96:81) и стави крај на серијата од 11 победи на Голден Стејт. Гери Харис беше најпрецизен за победниците со 19 поени, а Никола Јокиќ додаде 18 поени и 9 скока, додека Џамал Мареј придонесе со 14 поени, 6 скока и 5 асистенции. Денвер покажа одлична игра во одбраната и му дозволи на противникот да забележи само 38,6 отсто успешни шутеви од игра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимската игра и организираната одбрана ја донесоа победата за Селтикси над Чикаго. Кајри Ирвинг постигна 25 поени, а Џејлен Браун 20 во натпреварот кој се чинеше како рутинска проверка за Бостон Селтикс. Сите пет стартери на Селтикси постигнаа двоцифрен број на поени, а од клупата им помогна и Германецот Даниел Тајс, кој забележа 10 поени и 15 скока.
Кај Чикаго Булс пак, Боби Портис ја предводеше листата на стрелците со 17 поени, почнувајќи го мечот од клупата.
Резултати:
Шарлот – Милвоки 111:106
Индијана – Бруклин 123:119
Вашингтон – Орландо 130:103
Атланта – Далас 112:107
Бостон – Чикаго 117:92
Мемфис – ЛА Клиперс 115:112
Мајами – Њу Орлеанс 94:109
Јута – Оклахома 89:103
Голден стејт – Денвер 81:96
Феникс – Минесота 106:115
ЛА Лејкерс – Портланд 92:95
Сакраменто – Сан Антонио 99:108