Многу возбудлив натпревар одиграа Галатасарај и Фенербахче кој заврши без победник (2:2), но имаше и „трето полувреме“ во кое фудбалерите физички се пресметаа.
Нашиот репрезентативец Елиф Елмаз ги одигра сите 90 минути и пред самиот крај пропушти да му донесе победа на својот тим, откако неговиот удар го одбрани Муслера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Галатасарај имаше водство од 2:0, но потоа за седум минути во второто полувреме Фенер успеа да се врати во натпреварот.
После последниот свиреж на судијата настана вистинска мешаница на теренот. Домашните фудбалери започнаа по терен да го бркаат стрелецот на вториот гол за Фенербахче, Жилсон, а во мешаницата се вклучија и членови на стручните штабови.
This is what happened after the derby between #Galatasaray 2-2 #Fenerbahçe.
So sad to watch this! #GSvFBpic.twitter.com/1ztaj5LuFD— GoalsTV⚽️ (@goalstv3) November 2, 2018
khabib nurmagomedov gibi tokat atmış jailson belhandaya ahahhahahaah pic.twitter.com/GI8ixyquhr
— ümit özat (@karanovski) November 2, 2018