Барселона и аргентинската ѕвезда Лионел Меси помогнаа за сонот на 18 годишна девојка од Сирија да стане реалност.
На Твитер профилот нa каталонскиот клуб објавено беше видео на кое Нујен Мустафа која е страствен навивач на Барселона и голем фан на Лионел Меси се запознава со екипата на Барса.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нујен која е родена во Халеп и која поради церебрална парализа е во инвалидска количка, поради војната во нејзината држава емигрирала во Келн во Германија.
Својата животна приказна таа ја расакажа на британската новинарка, Кристина Ламб која за тоа напиша и книга, а потоа ова младо девојче доби огромно внимание од светската јавноста.
Оваа приказна стигна и до Барселона и играчите на овој клуб кои се погрижија девојчето од Сирија да го направат среќно.
Имено, клупскиот автобус на Барселона застана пред куќата во која живее во Келн ја земаа со себе и ја одведоа во Шпанија. Нијен потоа го гледаше натпреварот помеѓу Барселона и Селта Виго каде што за поклон доби дрес со нејзиното име.
По завршувањето на натпреварот ја дочекаа фудбалерите помеѓу кои беа Лионел Меси, Андрес Иниеста, Луис Суарез и Жерар Пике.
Everyone has a Christmas wish.
We helped Nujeen's come true! #SharingDreams pic.twitter.com/Z3eTR3nRH2— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 14, 2017