Светскиот шампион во верзијата на светската боксерска асоцијација WBC во супер средна категорија, Швеѓанецот Баду Џек во жарот на борбата со носителот на појасот на Меѓународната боксерска федерација (IBF), Британецот Џејмс Дигејгл, случајно го поткачи и судијата.
Ударот очигледно беше наменет за противниот, меѓутоа Џек го промаши и тупаницата заврши во брадата на судијата Артур Мерканте помладиот. Судијата загуби рамнотежа но за среќа боксерот успеа да го задржи.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Борбата за обединување на тутулите се одржа викендов во Њујорк, а заврши без попедник.