Дома Фудбал ВИДЕО Бензема го постигна првиот гол во 2024 година

ВИДЕО Бензема го постигна првиот гол во 2024 година

АЛ ИТИХАД ја победи Ал Вехда со 2:1 во полуфиналето од Суперкупот на Саудиска Арабија и со тоа се пласираше во финалето каде ќе игра против подобриот од Ал Хилал и Ал Наср.

Стрелец на водечкиот гол на Ал Итихад беше Карим Бензема (36). Францускиот напаѓач постигна гол веќе во 55. секунда, кога топката со малку среќа му падна под нозете и со удар од шест метри од голот ја внесе во мрежата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тоа беше 13-ти гол за Бензема во 27 настапи за Ал Итихад, но и прв во 2024 година.

Поточно, тоа беше негов прв гол по повеќе од четири месеци долга пауза, односно по 15 декември 2023 година.

Тогаш беше стрелец во поразот од Ел Ахли (1:3) на Светското клупско првенство. Голот на Бензема против Ал Вехда погледнете го ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Диас: Да отидам во Баерн беше правилната одлука, горд сум да играм со Кејн и Олисе

Колумбискиот репрезентативец Луис Диас призна дека бил импресиониран од квалитетите на нег…