Атлетик Билбао славеше над Барселона со 2:1, во првиот осминафинален натпревар во Купот на Кралот.
Барселона со најсилниот состав и со двајца играчи повеќе, колку што имаше во последните десет минути, не успеа да го избегне поразот на „Сан Мамес“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетик во средишницата од првото полувреме постигна два гола и стигна до убедлива предност. Најпрвин ветеранот Адуриз, а потоа и Инаки Вилијамс го совладаа Тер Штеген.
Барса се врати во мечот со голот на Меси од слободен удар во 52-та минута. До крајот Барселона не успеа да ја искористи предноста, кога Атлетик најпрвин остана без Раул Гарсија, а потоа и без Итураспе. Меси во последните секунди го погоди дирекот.