Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ВИДЕО: Англиските навивачи најавуваат лудо лето во Русија – Погледнете што направи овој навивач

ВИДЕО: Англиските навивачи најавуваат лудо лето во Русија – Погледнете што направи овој навивач

Англиските навивачи во минатото беа познати како жестоки момци кои секогаш го привлекуваа вниманието каде и да се појават.

Често доаѓаат во конфликт со навивачите од другите репрезентации, скршени глави и лузни по телото беа сосема нормални појави. Кога нема отворени конфликти, навивачите на Англија знаат да се забавуваат. Голем број на навивачи отпатуваа во Амстердам каде што нивната репрезентација вечерва ќе го одигра пријателскиот натпревар против Холандија.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Забавата во овој град беше загарантирана. Во текот на целиот ден алкохолот беше главна забава, а поединци одлучија да се искапат во Амстердамскиот канал. Еден од навивачите кој испил малку повеќе пиво без премногу размислување скокна на глава во прилично студената вода, а останатите го бодреа со големо навивање.

Со англиските навивачи очигледно никогаш не е здодевно. Во Русија поради непријателството со навивачите на оваа селекција ќе бидат под постојан надзор, но сигурно дека нас не очекува лудо лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…