Mилан и Њукасл во вторникот ги поделија бодовите на отворањето на Лигата на шампионите одигрувајќи натпревар без голови.
Италијанската екипа имаше 25 удари кон противничкиот гол и од нив дури девет во рамките од голот, но не успеа да постигне гол, па затоа се најде на мета критики од Артуро Видал.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Видал во минатото ги бранеше боите на Јувентус и Интер во Италија, а сега настапува за Атлетико Параненсе.
„Го гледав најлошиот натпревар во историјата на Лигата на шампионите, оној помеѓу Милан и Њукасл. Тие будали од Милан ми нанесоа бол. Имаат среќа што знаат да трчаат, друго ништо не можат. Од Њукасл ми се гади, не ги сфаќам. Беа четврти во Премиер лигата и сега ризикуваа со ваков натпревар. Навистина се налутив.
„Порто и Шахтјор одиграа одличен натпревар, Сити беше како и секогаш досаден. Ми се допадна и второто полувреме од натпреварот помеѓу ПСЖ и Борусија, во првото заспав“, изјави Видал.