Дома Трансфер зона Ветеранот од Барселона најави заминување: Чуствувам дека доаѓа крајот

Ветеранот од Барселона најави заминување: Чуствувам дека доаѓа крајот

Аргентинецот најави дека би можел да ја напушти Барселона и пред истекот на договорот.

Фудбалерот на Барселона, Хавиер Маскерано изјави дека на неговото време во Барселона полека доаѓа кон својот крај.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Мислам дека мојата кариера во Барселона наскоро завршува. Имам чуство дека немам повеќе што да пружам за клубот. Овде поминав преубави години и тоа нема да го заборавам“, изјави Аргентинецот за „ЕСПН“.

Договорот на Маскерано со Барселона истекува на 30 јуни 2019 година, но се поизвесно е дека ќе ја напушти Барселона една година порано.

Маскерано во Барселона пристигна во последните денови од преодниот рок во 2010 година од Ливерпул, а во дресот на каталонскиот гигант освои 17 трофеи, вклучувајќи две во Лигата на шампионите и четири во Примера.

Оваа сезона 33 годишниот Аргентинец настапи на 10 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…