Јувентус вчера го официјализираше трансферот на Кристиано Роналдо и така го реализираше еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот.
Роналдо од редовите на Реал Мадрид премина во Јувентус за сума од 100 милиони евра (исплатена на две рати). Секако сите фудбалски фанови беа изненадени од мега трансферот кој ја потресе Европа, но набрзо потоа се појави и изјава на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели дадена во јули 2012 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во тоа време Јувентус ја започнуваше својата доминација во Италија, а Ањели повика на трпение помеѓу навивачите.
„Треба трпение, за пет години Јувентус ќе може да купи играч каков што е Кристиано Роналдо“, гласеше изјавата на првиот човек на „старата дама“.
Денес оваа изјава на Ањели изгледа како вистинско предвидување, но и е доказ дека во Јувентус се работи со планови за долг период.