Фудбалскиот клуб Вест Хем Јунајтед именуваше нов тренер.
Да потсетиме, клубот го отпушти тренерот Мануел Пелегрини, откако загуби од Лестер, а веќе се зборуваше дека треба да го наследи Дејвид Мојс.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа и се потврди, а Мојс беше презентиран за нов тренер на официјалната Твитер страница на клубот.
Мојс веќе го водеше Вест Хем во периодот од 2017 до 2018 година кога Пелегрини го наследи на клупата. Тој претходно беше тренер на Престон, Евертон, Манчестер Јунајтед, Реал Сосиедад и Сандерленд.
Инаку, Мојс го презема Вест Хем во момент кога овој клуб е на 17. позиција во ПЛ со само 19 освоени бода после исто толку одиграни кола.
We are pleased to confirm that David Moyes has returned to the Club as first-team manager. pic.twitter.com/Y2fxo5hTCE
— West Ham United (@WestHam) December 29, 2019