Дома Топ вести Вербални и физички пресметки на тренинг на германската репрезентација во пресрет на ЕП

Вербални и физички пресметки на тренинг на германската репрезентација во пресрет на ЕП

Антонио Рудигер и Никлас Фулкруг за малку ќе се степале на вчерашниот тренинг на германската репрезентација во пресрет на ЕП.

Веста прв ја објави Билд, а ја потврдија и бројни други медиуми и германски фудбалски инсајдери.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Како што наведуваат сите, конфликтот можеше да биде посериозен доколку не реагираа и останатите кои беа присутни.

Фудбалерите на Реал Мадрид и Борусија Дортмунд неколку пати се најдоа во дуел за топката на тренинг бидејќи играа на спротивставени страни во два одвоени тренинзи, а на тие дуели во неколку наврати имаше и вербални но и физички пресметки.

На еден од нив, последниот пред да заврши тренингот, ситуацијата ескалирала со туркање, а Билд пишува дека доколку не реагирал помошниот тренер Сандро Вагнер, најверојатно ќе летнеле и тупаници.

Засега не се знае како селекторот Јулијан Нагелсман ќе ги санкционира своите репрезентативци и дали воопшто ќе ги санкционира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона потврди за Де Јонг – ситуацијата е посложена

Од Барселона потврдија за повредата на Френки де Јонг, но се покажа дека работите се малку…