Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, после 22 година откри да го напушѕи кормилото на „топџиите“, а сега ја откри и вистинската причина.
Венгер тврди дека не заминува затоа што е уморен, туку затоа што го боли да ги гледа фановите разединети.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не, не заминувам, бидејќи сум уморен. Овој клуб е почитуван низ целиот свет, не само во Англија. Нашите обожаватели не се покажаа обединети пред светот. Ме болеше да ги гледам поделени“, изјави Венгер.
„Не сум навреден од навивачите. Не сакам да создавам глупави наслови. Навивачите не беа среќни и ги разбирам – таква е мојата работа, морам да живеам со тоа“, додаде Французинот.
Венгер додаде дека сé уште не знае што ќе прави по крајот на сезоната и дали ќе води друг клуб после Арсенал.
Wenger blaming the fans for his own failures. Pathetic. pic.twitter.com/ZERZoKJrGC
— Piers Morgan (@piersmorgan) April 23, 2018