Дома Фудбал Останато Венгер: Не жалам што го одбив Реал, туку што не го донесов Роналдо

Венгер: Не жалам што го одбив Реал, туку што не го донесов Роналдо

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер проговори за своето време понинато во лондонскиот клуб.

Венгер цели 22 години беше на кормилото на Арсенал и се поврзуваше со многу клубови, а сега откри дека два пати го одбил Реал Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не знаете многу луѓе кои два пати ја одбиле понудата на Реал Мадрид. Решив да останам со тим кој немаше ресурси за да го освои првенството. Но си ветив дека доколку некогаш добијам шанса да го водам Арсенал, ќе одам до крај“, истакна Венгер, кој призна дека жали за Кристиано Роналдо.

„Не жалам што го одбив Реал Мадрид, за разлика од тоа жал ми е што не успеав да го потпишам Кристиано Роналдо. Секако дека размислувам како ќе изгледаше тоа, Роналдо да играше со Анри, Беркамп, Пирес, Вилторд. Можеби ќе постигнеа 200 гола во една сезона“, заклучи Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…