Дома Фудбал Останато Венгер за гол технологијата: Да постоеше во 2006 ќе бевме шампиони на Европа!

Венгер за гол технологијата: Да постоеше во 2006 ќе бевме шампиони на Европа!

Францускиот стручњак, Арсен Венгер, истакна дека ја поддржува идејата на ФИФА да воведе гол технологија на фудбалските натпревари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Менаџерот на Арсенал призна дека ги следел натпреварите од Купот на конфедерациите токму поради гол технологијата која дебитира на ова натпреварување. Судиите веќе имаа полни раце работа.

Венгер изјави дека му е жал што таква технологија во фудбалот не се воведе порано.

„Би го избрал голот за изедначување на Барселона во финалето 2006 година кој беше постигнат од офсајд позиција. Ние на половина час пред крајот водевме со 1:0 и бевме многу блиску да ја освоиме Лигата на шампионите. Тоа е единствениот трофеј кој ми недостасува со Арсенал. Доколку технологијата постоеше во тоа време ние во 2006 година ќе бевме шампиони на Европа“, изјави Венгер.
 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан испратил понуда за ѕвездата на ПСЖ

Милан испрати конкретна понуда до Пари Сен Жермен за Гонсало Рамош, објави Фабрицио Романо…