Дома Фудбал Останато Венгер: Жалам што порано не го напуштив Арсенал

Венгер: Жалам што порано не го напуштив Арсенал

Легендарниот Арсен Венгер беше на клупата на Арсенал цели 22 години и освои 17 трофеи со „топџиите“.

Венгер во 2006 година загуби во финале во Лигата на шампиони, а сега тврди дека згрешил што тогаш не го напуштил Арсенал.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Целосно се идентификував со клубот, тоа беше моја вина. Мојата фатална мана беше што премногу сакав таму каде што бев. Се каам за тоа. Требаше да заминам на друго место. Понекогаш се прашувам дали се расипа се по таа сезона кога бевме непоразени? 2007 година беше пресвртница, кога првпат ги почувствував тензиите во раководството. Бев растргнат помеѓу лојалноста кон клубот и лојалноста кон Дејвид Дејн. Се уште се прашувам дали постапив правилно, бидејќи животот не беше ист после тоа“, изјави Венгер.

„Можев да ја преземам репрезентацијата на Франција, а на Англија два-три пати. Двапати можев да одам во Реал Мадрид, можев да се преселам и во Јувентус, Пари Сен Жермен, дури и во Манчестер Јунајтед“, откри Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти: Поразот од Лил може да биде корисен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше поразот кој неговиот тим го претрп…