Дома Фудбал Останато Велкоски бесен: Треба ли некој да загине за да се освестиме?

Велкоски бесен: Треба ли некој да загине за да се освестиме?

Сараево вчера беше поразен кај Широко бријег со 2-3 во осминафиналето во босанскиот Куп, но мечот го одбележаа неколку инциденти на трибините и теренот, па беше прекинат 20 минути.

По натпреварот македонскиот репрезентативец и капитен на Сараево, Крсте Велкоски вели дека домаќините победиле со помош на судијата.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Турбулентен меч, не заслуживме пораз. Домаќинот имаше голема помош од судијата и тоа е многу лошо. Мислам дека еднаш мора да се стави крај на ова. Секој меч овде се игра на ризик, а не е донесена никаква одлука“.

„Вакви ситуации мора да се казнуваат. Треба ли некој да ја загуби главата за да се освестиме? Никој ништо не презема и тоа е срамно. Момците одиграа добар меч, создаваа шанси, но за жал загубивме“, изјави Велкоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јирген Клоп прифати работа, се враќа на стадионите!

Клоп ја напушти екипата на Ливерпул на крајот од сезоната 2023/24 по легендарниот период ш…