Дома Тикет на денот Васоски ги прогнозира денешните дуели од групата Ф на ЕУРО 2020

Васоски ги прогнозира денешните дуели од групата Ф на ЕУРО 2020

Стигнавме до последниот ден од првото коло на ЕУРО 2020, но токму во последната Група Ф ни го носи најголемото дерби досега на шампионатот, Германија – Франција. Оваа група ја анализира и прогнозира Александар Васоски кои досега имаше успешни прогнози. Да видиме што Васоски предлага за денешните дуели.

Група Ф: Унгарија – Португалија ( време: 15:00 ч.)

Групата Ф дефинитивно е најинтересната група на ова Европско Првенство. На овој натпревар дефинитивно ќе победи Португалија. Мислам дека на овој натпревар може да има и повеќе од три гола. Моја прогноза е дека Португалија ќе победи, дури би одиграл и 2-2 и 3+. Португалија јас ја вклучувам и во моите фаворити за освојување на ова Европско Првенство.

ТИП: Унгарија – Португалија – 2-2 и 3+ @ 3.85 vо Bet365

Група Ф: Франција – Германија ( време: 21:00 ч.)

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Вториот натпревар од оваа група е можеби најинтересен во оваа група и воопшто во групната фаза или во првото коло. Според мене Франција е благ фаворит. Знаете јас играв долги години во Германија и знам дека не смее никогаш да се отпишуваат германците, меѓутоа мислам дека Франција е кандидат број еден за освојување на ЕУРО 2020 и би требало да извојува тесна победа на овој натпревар.

Тука веќе ќе има нијанси во прашање, бидејќи се работи за две светски сили со по неколку титули и на Европски и на Светски првенства, така да мислам дека во овој момент и според формата и според играчкиот кадар дека Франција ќе победи.

ТИП: Германија – Франција – 2 @ 2.65 во Bet365

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (понеделник, 10.11.2025)

Веќе од денес започна паузата за репрезентации, па во наредните неколку дена ќе имаме ката…