Актуелниот европски шампион Вардар ќе биде носител во ждрепката за новата ракометна сезона во ЛШ на 1. јуни откако црвено-црните се најдоа во првиот барабан при составувањето на групите.
Вардар е носител заедно со ПСЖ, Барселона и Веспрем и ќе биде во групата на фавороти. Причина за ова е што Вардар и оваа сезона во Лигата на шампионите ќе ја започне како европски шампион затоа што фајнл-фор турнирот ќе се игра пред Нова година.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Треба да се спомене дека клбуови од иста земја не можат да се најдат заедно во групата.
ПРВ ШЕШИР: Вардар (Македонија), ПСЖ (Франција), Веспрем (Унгарија), Барселона (Шпанија).
ВТОР ШЕШИР: Кил (Германија), Келце (Полска), Алборг (Данска), Порто (Португалија).
ТРЕТ ШЕШИР: Мешков Брест (Белорусија), Мотор Запорожје (Украина), Нант (Франција), Пик Сегед (Унгарија).
ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Целје (Словенија), ППД Загреб (Хрватска), Елверум (Норвешка), Флензбург (Германија).