Додека Вардар го чека двомечот со норвешки Елверум во Лигата на шампионите се разгледува ситуацијата за натпреварот против Флензбург.
Дуелот со Флензбург беше одложен се очекуваше да се одигра до крајот на овој месец. Бундеслигашот треба да биде домаќин на Вардар, меѓутоа тоа ќе биде тешко да се случи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Флензбург е град кој е многу погоден од британскиот сој, па медиумите во Германија пишуваат градот ќе оди во строг кјарантин.
Мерките треба да бидат објавени наредната недела и доколку ситуацијата не се подобри мали се шансите да не биде воведен полициски час и рестриктивни мерки. Границите на Германија веќе се затворени за граѓаните кои не доаѓаат од европската унија па така тешко дека Вардар ќе може да влезе во земјата.
Од друга страна на ЕХФ ќе биде тешко да најде нов термин за одложените дуели, па голема е можноста Вардар да добие службена победа со Фленсбург.
Освен со Флензбург проблем и со ПСЖ затоа што и во Франција на сила се строги мерки.