Изминатата ноќ МЛС лигата ја одбележа дуелот на екипите од Лос Анџелес.
Победник на мечот немаше, ЛА Галакси одигра нерешено 1:1 со екипата на Лос Анџелес, а единствениот гол за домашниот состав го постигна, Златан Ибрахимовиќ кој во пресрет на овој меч порача дека едноставно е најдобар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ибра погоди во 15. минута на асистенција на Камара, но судијата мораше да ја консултира ВАР технологијата, бидејќи еден играч на противничката екипа од гол линијата ја изби топката во поле. Сепак, снимката покажа дека во тој обид малку задоцнил, топката ја преминала гол линијата и погодокот на Ибрахимовиќ е признат.
Тоа е негов 16. погодок во МЛС лигата, вкупно 499. во кариерата, а изедначувањето за ЛА го донесе Карлос Вела од пенал во 51. минута од мечот.