Дома Фудбал Италија Ванда потврди: Далеку сме од договор со Интер, 4 клуба го сакаат Икарди!

Ванда потврди: Далеку сме од договор со Интер, 4 клуба го сакаат Икарди!

Аргентинските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Икарди нема да го продолжи договорот со Интер.

Икарди има договор со „нероаѕурите“ до 2021 година, но и откупна клаузула од 110 милиони евра, која неколку европски гиганти се спремни да ја платат.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Икарди е разочаран што Интер не сака да ги исполни неговите финансиски барања, па решил да ја промени средината.

Ова денес го потврди и неговата сопруга и менаџер, Ванда Нара која истакна дека четири клуба го сакаат Икарди.

„Во моментов сме далеку од договор со Интер за нов договор. Понудите од страна на Интер не одговараат на квалитетот на играчот. Сметаме дека Мауро вреди многу повеќе и тешко дека ќе стигнеме до договор“, потврди Ванда Нара.

„Постои интерес од четири многу големи европски клубови кои се спремни да ја платат клаузулата. Станува збор за двата најголеми клубови од Шпанија, потоа еден клуб од Англија и еден од Франција“, додаде сопругата на Икарди.

Италијанските медиуми откриваат дека станува збор за Реал Мадрид, Барселона, Челзи и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…