Како што изгледа ситуацијата во овој момент, Мауро Икарди ќе го напушти тимот на Интер.
После шест години во тимот, проблемот и конфликтот со раководството, соиграчите и навивачите на овој тим, Аргентинецот изгледа ќе си замине од Милано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Икарди во изминатите месеци се поврзуваше со повеќе екипи, а изгледа дека на крајот 26 годишниот напаѓач ќе заврши во редовите на големиот ривал на Интер, Јувентус.
Напаѓачот со Јувентус се поврзуваше и неодамна, кога му беше одземена капитенската лента и додека беше надвор од тимот. Тогаш и некои италијански новинари тврдеа дека Икарди постигнал договор со „старата дама“.
Таквите најави малку се стишија ви последниот период, но сега Италијанците повторно ги актуелизираат.
Наводно, Ванда Нара сопругата и агент на Икарди е тааа која го турка трансферот во Торино. Според информациите тие го чекале Наполи да се огласи со евентуална понуда, а бидејќи реакција немало се тврди дека Ванда донела конечна одлука.
Таа се одлучила за Јувентус. Причината зошто го избрала Торино е јасна, Јувентус е единствениот клуб во Италија кој може да ги задоволи нејзините барања за плата на Мауро.
Според ова многу лесно може да се случи Икарди од наредната сезона да го гледаме во редовите на големиот ривал на „нероаѕурите“, а навивачите сигурно дека овој трансфер не би го прифатиле на добар начин.