Дома Трансфер зона Ванда Нара открива: Неколку клуба се спремни да ја платат клаузулата за Икарди!

Ванда Нара открива: Неколку клуба се спремни да ја платат клаузулата за Икарди!

Мауро Икарди имаше уште една одлична сезона во Интер, па многу европски гиганти се заинтересирани да го видат во своите редови.

Икарди во договорот со Интер има откупна клаузула од 110 милиони евра, а неговата сопруга и менаџер Ванда Нара потврди дека неколку клубови се спремни да ја платат.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Има некои големи клубови кои се подготвени да ја платат откупната клаузула која е многу висока, но гледајќи ги сумите кои циркулираат во фудбалот сега и тоа каков играч е Мауро, таа сума не е некоја посебна“, изјави Ванда Нара, која додаде дека сепак приоритет е Интер.

„Има многу клубови кои притискаат, но негов приоритет е Интер. Ќе имаме состанок со спортскиот директор, па ќе ги разгледаме сите опции. Меѓутоа, негов приоритет останува Интер“, додаде убавата Аргентинка.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Икарди сигурно ќе остане во Интер и следната сезона и дека наскоро ќе потпише нов, побогат договор со „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона спрема понуда за ѕвездата на Челзи

Барселона е силно заинтересирана за играчот за врска на Челзи и аргентински репрезентативе…