Дома Фудбал Италија Ванда Нара: Има многу понуди, но желбата на Икарди е јасна!

Ванда Нара: Има многу понуди, но желбата на Икарди е јасна!

Мауро Икарди ова лето сигурно ќе биде во центарот на внимането бидејќи се погласни се шпекулациите дека ќе го напушти Интер.

Сепак, неговара сопруга и агент, Ванда Нара упорно тврди дека нема вистина во медиумските написи и дека Икарди сигурно останува во Интер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Медиумите пишуваат за понудите на Икарди. Уморна сум веќе да повторувам дека тој ќе остане во Интер. Првиот ден од преодниот рок јас ќе го исклучам телефонот“, изјави Ванда за италијанските медиуми.

Икарди има договор со Интер до 2021 година, а многу европски гиганти се заинтересирани за неговиот потпис.

„Има многу понуди за него. Ме контактираа најдобрите екипи во Европа, но тој сака да остане во Милано. Го сакаат најсилните клубови. Неговата желба е јасна, да остане во Интер, без разлика кој ќе биде тренер“, додаде Ванда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…