Вирџил Ван Дајк имаше фантастична сезона во дресот на Ливерпул со кој го освои второто место во Премиер лигата и стигна до трофејот во Лигата на шампионите.
Освен тимскиот успех Ван Дајк може да се пофали и дека беше избран за најдобар играч во Премиер лигата. Уште поневеројатен е податокот дека ниту еден играч во вкупно 64 натпревари колку што одигра Ван Дајк не успеа да го издрибла.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ретко кој стопер може да се пофали со вакво нешто, а па во фудбалскиот свет се отвори расправа која е причината поради која Ван Дајк толку добро ги чита противниците. Сега на оваа тема зборуваше самиот Ван Дајк и откри дека голем придонес има играњето фудбал на улица.
„Кога игравме на улица имав многу дуели „еден на еден“ и тоа многу ми помогна. Додека бев помлад сакав да играм и понапред. Кога играте понапред тогаш знаете и како може да размислува еден напаѓач во таква ситуација. Тоа искуство многу ми значи и ми помогна да стигнам на нивото на кое сум денес. Јас можам да испратам една порака – ако сакате да напредувате како дефанзивец или напаѓач треба да продолжите да играте фудбал со своите пријатели на улица“, изјави Ван Дајк.