Дома Фудбал Репрезентации Ван Гал си призна: Оваа Холандија не е светска класа

Ван Гал си призна: Оваа Холандија не е светска класа

Искусниот Луис Ван Гал вчера го започна својот трет мандат на клупата на Холандија, а во тој дуел „лалињата“ одиграа реми со Норвешка 1:1.

Иако Холандија не одигра лош натпревар, Ван Гал беше реален и посочи дека Холандија повеќе не е репрезентација од светска класа, како што можеби се мисли во оваа земја.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Норвешка се бранеше одлично во компактен простор и тоа ни ја отежнуваше играта. Во такви ситуации треба да бидете креативни, а ние не бевме…Губевме топки во непотребни ситуации. Треба да бидеме реални, можеби мислиме дека оваа Холандија се уште е светска класа, но не е така! Норвешка денес одигра навистина добро како тим“, истакна Ван Гал.

Во својата група Г после четири Холандија е втора, меѓутоа разликата од првото до петтото место во групата е само четири бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…