Големи се шансите Луи Ван Гал да стане нов тренер на Евертон.
Англиските медиуми тврдат дека Холанѓанецот би требало да ја превземе клупата на „карамелите“ во следните неколку дена. Дејвид Унсворт е привремен тренер на клубот од 23. октомври, кога Роналд Куман заработи отказ.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Од другата страна, Ван Гал е без работа откако го напушти Манчестер Јунајтед во 2016. година. На „Олд Трафорд“ намногу го критикуваа поради досадниот фудбал на неговата екипа.
Во својата богата тренерска кариера, Ван Гал има водено гиганти како Ајакс, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед како и репрезентацијата на Холандија.