Дома Фудбал Останато Ван Бастен: Тој што мисли дека Роналдо е подобар од Меси не се разбира од фудбал

Ван Бастен: Тој што мисли дека Роналдо е подобар од Меси не се разбира од фудбал

Поранешната ѕвезда на Ајакс, Милан и холандската репрезентација Марко ван Бастен го кажа своето мислење за тоа кој е подобар помеѓу Кристиано Роналдо и Лионел Меси.

Роналдо и Меси доминираат во светскиот фудбал во последните две децении и се водат многу полемики за тоа кој е подобар.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ван Бастен беше категоричен и смета дека тој што мисли дека Роналдо е подобар од Меси не го разбира фудбалот.

„Роналдо е одличен фудбалер, но кој тврди дека е подобар од Меси или не се разбира ништо од фудбал или едноставно не е искрен“, рече Ван Бастен во интервјуто за „Кориере дела Сера“.

Според него, Меси е уникатен и како него се раѓаат еднаш на 50 или 100 години.

 „Тој е генијалец. На 28-годишна возраст, јас практично престанав да играм. Веќе ја освоив „Златната топка“ три пати. А погледнете го нивото на Кристиано и Меси, дури и сега кога поминаа 30 години“, додаде Ван Бастен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…