Последното финале во Лигата на шампионите ќе остане запаметено поради одложувањето од скоро 40 минути поради хаосот со навивачите пред стадионот.
И во една таква ситуација нервозата кај присутните растеше затоа што после хаосот се чекаше да заврши и музичката изведба. Ваквата ситуација отворено ја коментираше легендарниот Марко Ван Бастен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ван Бастен ја критикуваше одлуката да се носат пејачи и танцувачи на вакви настани за како што вели тој само да се прават пари.
„Ние сме тука да гледаме фудбал, но принудени сме да гледаме како некој пее и танцува. УЕФА и ФИФА сакаат да прават пари од фудбалските натпревари. Тргнете ги ваквите работи што подалеку од нас, ние сакаме фудбал“, изјави Ван Бастен.