„Гледаме што се случува, но сконцентрирани сме на нашата задача, а тоа е да победуваме во натпреварите и да ги правиме радосни нашите навивачи“, истакна Валверде.
Каталонските лидери изминатата недела прогласија независност, по референдумот кој предизвика длабока политичка криза во земјата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Парламентот на Каталонија изминатиот петок со гласови 70 од 135 прогласи независност на тој регион од Шпанија.
Набрзо потоа, Сенатот-горниот дом на шпанскиот парламент, одобри воведување на принудна управа во Каталонија, а шпанскиот премиер Маријано Рахој ја промени каталонската валда и распиша избори за парламентот на Каталонија.
Барселона, која е една од најгласните заговорници на независноста на Каталонија, во среда од 20:45 во Атина ќе игра против Олимпијакос, во натпреварот од четвртото коло од групата Д во Лигата на шампионите.
Валверде во Пиреј убаво беше дочекан од навивачите на Олимпијакос, неговиот некогашен клуб. Тој истакна дека утрешниот за него, ќе биде „посебен“ натпревар.