Дома Фудбал Валверде: И во минатото ги немаше Роналдо и Меси, па имаше свински глави

Валверде: И во минатото ги немаше Роналдо и Меси, па имаше свински глави

Утре Барселона и Реал Мадрид на „Ноу Камп“ ќе го одиграат 239-тото „Ел Класико“.

Пред новинарите по повод утрешниот натпревар секако излезе и тренерот Ернесто Валверде.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид, никогаш не се обични. Тие мораат да се следат низ многу детали: тактички, емоционално…Зад нас е одлична недела, одигравме два добри натпревари и се надевам дека утре ќе продолжиме со исто темпо. Мораме да бидеме спремни на се, бидејќи знаеме дека Реал кога е ранет е уште повеќе опасен“, смета Валверде.

Новинарите го запрашаа да каже нешто и за Роналдо.

„Реал знаеше да игра совршено тие се способни да излезат од оваа криза. Реал не е Кристиано Роналдо, ги сметам за глупост коментарите дека овој натпревар нема да биде интересен затоа што ќе ги нема Роналдо и Меси. И пред нив во овој натпревар гледавме фантастичен фудбал, играа фантастични играчи и имаше страст…Дури на теренот паѓаа и свински глави. „Ел Класико“ секогаш ќе биде „Ел Класико“, изјави стратегот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бивш играч на Реал Мадрид се потсмева на Јамал поради… капата

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид Хосе Марија Гутиерес-Гути се потсмева на Ламин Јамал, …