ФК ИМТ Нови Београд е нов српски прволигаш, а сега се најде во центарот на вниманието на медиумите во регионот откако продаде играч за сума од пет милиони евра.
Минатата сезона овој клуб направи историски успех откако како првопласирани во Втората српска лига се пласираа во Суперлигата на Србија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
По само една полусезона во најсилната српска лига тие ќе продадат играч за неверојатни пет милиони евра и со тоа ќе испишат клупска историја кога се трансферите во прашање.
Станува збор за фудбалерот Милош Луковиќ кој има само 18 години. Информациите на „Л’Eкип“ се дека преговорите помеѓу Стразбур и ИМТ се одвивале забрзано и трансферот ќе се реализира во јануари.
На 19 натпревари во Суперлигата Луковиќ постигна 10 гола и запиша една асистенција.