Дома Фудбал Бускетс: Се уште се привикнуваме без Меси

Бускетс: Се уште се привикнуваме без Меси

Барселона се уште не може да се соземе од шокот после напуштањето на Лео Меси, тврди капитенот Серхио Бускетс.

Бускетс пред дуелот со Баерн Минхен во Лигата на шампиони изјави дека во Барселона се уште се привикнуваат на отсуството на Меси.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Напуштањето на Меси беше шок за сите нас. Се уште сме на почетокот на сезоната и се привикнуваме на неговото отсуство. Треба да се навикнеме на фактот дека треба да играме без него“, изјави Бускетс.

„Верувам дека утре против Баерн ќе биде сосема различен меч во споредба на тој кој го загубивме на катастрофален начин минатата година. Важно е да изградиме силен тим, во фудбалот се е возможно“, додаде капитенот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најавен е еден од најголемите трансфери некогаш: Реал Мадрид тргнува по ѕвездата на Барселона!

Шпанскиот новинар Сиро Лопез вечерва соопшти дека Реал Мадрид во летото 2027 година ќе трг…