Дома Фудбал Бускетс се огласи за исповедта на Гомеш: Направивме се за да му помогнеме

Бускетс се огласи за исповедта на Гомеш: Направивме се за да му помогнеме

Андре Гомеш не е среќен во Барселона, тоа го призна во обраќањето за шпанската јавност.

Фудбалерот за врска на Барселона јавно истакна дека не е среќен во Барселона. За неговата исповед која можете да ја прочитате ТУКА сега ја прокоментира и Серхио Бускетс.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Знаевме дека тука има нешто, едноставно можеше да се забележи. Тоа е негова приватна работа. Како негов соиграч тврдам дека се обидовме да направиме се што е во наша моќ за да му помогнеме. Со самото тоа што е член на Барселона, значи дека се работи за способен фудбалер“, изјави Бускетс.

Играчот за врска на Барселона истакна дека навивачите мораат да бидат трпеливи.

„Навивачите мораат да бидат позивитни и треба да му помогнат. Ние правиме се, истото го очекуваме и од навивачите“, заврши соиграчот на Гомеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Која е најмалата држава во светот која се пласираше на Светското првенство и како се живее таму?

Клучен момент за Курасао се случи во 2015 година кога како селектор беше назначен легендар…