Дома Фудбал Англија Бројките велат: Го гледаме најлошиот Манчестер Јунајтед во последните 35 години

Бројките велат: Го гледаме најлошиот Манчестер Јунајтед во последните 35 години

Maнчестер Јунајтед вчера беше поразен од Челзи до 4:3 во натпревар во кој избраниците на Ерик Тен Хаг имаа водство од 2:3 до 100. минута.

За Јунајтед тоа беше 17-ти пораз во 42 натпревари во сите натпреварувања сезонава. Таква бројка клубот немал уште од 1989/90 година. Тогаш Јунајтед загуби 17 натпревари во целата сезона и на табелата заврши како 13-ти.

Ова значи дека денеска го гледаме најлошиот тим на Јунајтед во последните 35 години, според бројките. Во овој момент на табелата тимот на Тен Хаг е на 6-тата позиција со 48 бодови од 30 натпревари, девет помалку од Тотенхем кој е петти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вергара на прагот на дебито за Италија против Франција

Антонио Вергара може да го направи своето деби за Италија во Париз, додека Ди Лоренцо ќе о…