Maнчестер Јунајтед вчера беше поразен од Челзи до 4:3 во натпревар во кој избраниците на Ерик Тен Хаг имаа водство од 2:3 до 100. минута.
За Јунајтед тоа беше 17-ти пораз во 42 натпревари во сите натпреварувања сезонава. Таква бројка клубот немал уште од 1989/90 година. Тогаш Јунајтед загуби 17 натпревари во целата сезона и на табелата заврши како 13-ти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова значи дека денеска го гледаме најлошиот тим на Јунајтед во последните 35 години, според бројките. Во овој момент на табелата тимот на Тен Хаг е на 6-тата позиција со 48 бодови од 30 натпревари, девет помалку од Тотенхем кој е петти.