Дома Останати Кошарка Бронзата за Канада, САД останаа без медал

Бронзата за Канада, САД останаа без медал

Репрезентацијата на Канада ја победи селекцијата на САД во малото финале на Светското првенство со 127-118 по продолженија.

Канада подобро го почна мечот, уште во текот на првата четвртина дојде до високи 13 поени разлика, Американците се вратија, во средина на вториот период го свртеа резултатот и поведоа со 40-36, а на полувремето се замина со предност на Канаѓаните од 58-56.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Американците потоа во финишот на регуларниот дел стигнаа до 111-111 и изборија продолженија, каде што Канаѓаните беа подобри.

Дилон Брукс и Шај Гилџус-Александер заедно постигнаа повеќе од половина поени за Канада, односно вкупно 70 поени.

Брукс го заврши натпреварот со 39 поени, четири скокови и пет асистенции, а Гилџус-Александер запиша 31 поен, шест скокови и 12 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Масовна тепачка во НБА лигата: Летаа тупаници, настрада снимател и камера (Видео)

Оклахома тандер победи на гости против Вашингтон Визардс со 132:111, но главната приказна …