Дома Трансфер зона Британците тврдат: Јунајтед ја започнал „операцијата Кејн“!

Британците тврдат: Јунајтед ја започнал „операцијата Кејн“!

Maнчестер Јунајтед започнал преговори со Хари Кејн, објави британски „Телеграф“.

Постојано се најавува трансфер на Кејн, но засега тој се уште го носи дресот на Тотенхем. Сепак, како што стојат работите, изгледа дека Кејн токму сега е поблиску до заминување од било кога претходно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Наводно, Манчестер Јунајтед ги остварил првите контакти со претседателот на „петлите“, Даниел Леви. Очекувањата се Тотенхем да бара сума помѓу 80 и 100 милиони фунти.

Договорот на Кејн со Тотенхем истекува на наредната сезона. Се шпекулира дека Кејн прво ќе се обиде да го продаде Кејн во клуб кој не е од Премиер лигата, но ако напаѓачот инсистира на заминување и понудата од Јунајтед е прифатлива тогаш може да видиме и ваков трансфер.

Засега не е објавено колку Манчестер Јунајтед е спремен да понуди и дали станува збор за понуда во рамките на очекувањата на Леви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…