Тимот на Брера Струмица потврди дека се засилува со искусниот дефанзивец Александар Ристевски.
Станува збор за фудбалер кој има 31-година и доаѓа од Брегалница од Штип. Претходно во кариерата настапуваше за повеќе домашни клубови, но има и интернационално искуство со настапи за клубови од Албанија и Косово.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Освен стоперската позиција, тој може да ја покрие и позицијата десен бек што значи дека ќе биде одлична опција за тренерот Џовано Валенти. Дебито би можел да го има веќе утре кога Брера Струмица ќе игра пријателски натпревар со Селимбар од Романија.